Италијанскиот олимписки комитет, побара двегодишни казни за 26 атлетичари од земјата, поради прекршување на допинг правилата. Спортистите се обвинети дека намерно не се појавиле на контролни тестови или ги пропуштиле задолжителни проверки.
Меѓу 26-те, се имињата на европскиот шампион во трискок од 2012 и бронзен медал од Олимписките игри во Лондон истата година, Фабрицио Донато, на европскиот првак во скок во далечина од 2006 и светскиот вицешампион од 2007 година, Ендрју Хауи, на актуелниот европски шампион во маратон Даниеле Меучи, на поранешниот натпреварувач во скок со стап, Џузепе Џибилиско, светски првак во 2003 година и бронзен медал од Олимписките игри во Пекинг 2004 година, поранешната европска шампионка во маратон Ана Инченти, како и на спринтерот Симоне Колио.
Обвиненијата против атлетичарите беа покренати по истрагата на обвинителството во Тренто. Уште 39 италијански натпреварувачи се под истрага за случајот.
Светската атлетика преживува една од најсериозните кризи во својата историја, откако претходно оваа есен избувнаа големи допинг скандали во Русија и Кенија, а во моментов сите руски натпреварувачи се лишени од право на учество во меѓународни натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.