Понекогаш испраќаме пораки, за кои подоцна жалиме или испраќаме пораки на погрешни луѓе. На „Скајп“ има опција да избришете или промените нешто што сте пратиле, но „Фејсбук“ не нуди таква можност.
Има еден начин на кој можете да избришете порака што сте ја пратиле до некого и тој воопшто да не ја добие. Единствениот услов тоа да успее е човекот да не ја прочитал пораката и да нема „Seen“.
За да не ја види пораката, мора да го деактивирате профилот за период од 3 часа и потоа повторно да го активирате. Тоа што вашиот профил не постои толкав период е доволно за да ја избрише вашата порака од влезното сандаче на тој на кој сте ја испратиле пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.