| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Пред да добијат дозвола за влез, емигрантите под надзор до 18 месеци

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека бегалците, кои пристигнуваат во Европа, пред да им биде одобрен влез, би требало да бидат задржани до 18 месеци во прифатните центри, со цел во тој период да може да се провери дали претставуваат терористички и безбедносен ризик.

donald tusk

Доколку сакате да ги надгледувате емигрантите и бегалците, потребно ви е повеќе време од една минута земање отпечаток од прст вели тој.

-Во меѓународното право, како и во европските закони го има тоа правило од 18 месеци, како време за надзор што ни е потребно – рече Туск во интервју за британскиот весник „Гардијан“.

Туск оцени дека таквата контрола би ја намалила и подготвеноста на бегалците и мигрантите да заминат на макотрпниот пат кон Европа.

– Денес пристапот до Европа, едноставно кажано, е мошне лесен – изјави поранешниот полски премиер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top