Две лица се убиени, а едно е во критична состојба и се бори за живот по вооружен напад што се случил синоќа во скопското село Грчец.
Според информациите на „Алфа“, сега убиените и ранетиот биле во возило марка „мерцедес“ паркирано на влезот на селото во близина на селската продавница. Во нив било пукано од непознати сторители, кои по нападот побегнале.
Од МВР не даваат информции дали убиените или повредениот се од селото ниту, пак, од какво оружје е пукано, а нема информации ниту за бројот на напаѓачите. Повредениот по извршената операција е задржан во болница на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре