| четврток, 6 декември 2018 |

Британските авиони ги изведоа првите воздушни напади во Сирија

677827_avion-sirija01reutersfoto-reuters_fЧетири британски воени авиони од типот „торнадо“ ги извеле првите воздушни напади на позиции на ИД во Сирија, соопшти британското министерство за одбрана.

Авионите полетале од аеродромот на Британското кралско воздухопловство во Акротири на Кипар непосредно откако пратениците во британскиот парламент ги одобрија воздушните удари во Сирија.

Според Би Би Си, авионите гаѓале шест мети со нафтени полиња под контрола на ИД на истокот на Сирија.

Аеродромот во Акритори повеќе години е користен како британска база за полетување на авиони кои гаѓаат цели на ИД во Ирак.

Велика Британија веќе учествува во бомбардирањето на позиции на ИД во Ирак, а пратениците вчера расправаа дали треба да се вклучат на коалицијата под водство на САД во воздушните напади во Сирија. Премиерот Дејвид Камерон оцени дека проширувањето на воздушната кампања ќе допринесе за поголема безбедност на Британија, како и за слабеење на ИД. Лидерот на опозиционата Лабуристичка партија Џереми Корбин рече дека не треба Британија да се вклучи во кампањата, односно дека владата ја води земјата во војна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top