| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот во САД го извршила брачна двојка, која дошла подготвена за масакр

san bernardino

Напаѓачите кои убија 14 луѓе во нападот во Калифорнија се идентификувани како Сајед Ризван Фарук и Ташфин Малик.

Полицијата наведува дека постои можност 28-годишниот Фарук и 27-годишната Малик да биле венчани или свршени.

Шефот на полицијата во Сан Бернардино соопштил дека мажот, кој бил роден во САД, присуствувал на забава во центарот на Инланд, а потоа се вратил вооружен и почнал да пука.

Се верува дека немале други помагачи, а мотивите за најкрвавиот напад од масакрот во основното училиште во Њутаун во 2012 година засега не се познати. Во близина на нападот е забележан и трет сомнителен, кој е уапсен, но засега не е потврдено дека има врска со нападите.

Во нападот се ранети 17 лица, а потерата по напаѓачите траела повеќе од четири часа, по што на крајот биле убиени. Десет ранети се во критична состојба.

ФБИ разгледува повеќе можни мотиви, меѓу кои и тероризам.
– Дошле подготвени да го направат тоа што го направија. Како да биле на мисија, соопштила полицијата.
Сан Бернардино е град со 200.000 жители, кој се наоѓа на 100 километри источно од Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top