Семејно пакување од 1,5 литар во РЕТ амбалажа е новиот производ кој заполна да го дистрибуира „Битолска млекара“. Ова пакување е практично и значително поекономично, што на потрошувачите ќе им овозможи овој производ да им биде достапен по значително пониска цена.
-Идејата за новото пакување произлезе од резултатите на истражувањата на пазарот и нашата посветеност кон потребите и желбите на потрошувачите кои бараат поголема вредност за своите пари. На нашите верни потрошувачи, пред се оние со поголеми семејства или оние кои често групно го консумираат нашиот јогурт, најчесто наутро на работното место, преку новото, попрактично и поекономично пакување на нивниот омилен пијалак да им овозможиме да уживаат во вкусот на Битолскиот јогурт по уште поповолна цена. Ова пакување е воедно и најголемо и најекономично пакување на јогурт на македонскиот пазарот – велат од „Битолска Млекара“.
Тие додаваат дека новиот производ го задржува добро познатиот традиционален кисел вкус и квалитет на Битолски јогурт со 2,8% млечни мести, направен од високо квалитетно пастеризирано млеко и врвна активна јогуртна култура, по современа технологија и врвни стандарди за безбедност и исправност на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.