Во Сан Бернардин во Калифорнија, САД, се случи пукање во кое, според некои извештаи, има 20 ранети. Првите извештаи беа дека се убиени 20 лица, но подоцна се покажало дека станува збор за ранети. Нападот се случил во државна установа за социјална заштита во Сан Бернардин.
Напаѓачот уште е во бегство, јавува „Ен-Би-Си“, а според „Ројтерс“ има „тактичка опрема“ и нагласено е дека е вооружен до заби. Една телевизија пренесе дека, според еден сведок, напаѓачите носеле маски за скијање.
Полицијата уште не соопштува детали дали станува збор за терористички напад.
Според некои извештаи, драмата уште трае, па можно е бројот на жртвите да биде уште поголем. Според неофицијални информации, во нападот учестувале три лица.
Полицијата ги предпредува граѓаните да не излегуваат од домовите. Големи групи луѓе ја напуштиле зграда со рацете кренати во воздух.
ТВ „Фокс“ јавува дека во зградата влегле тимови за деактивирање бомби, кои се обидуваат да ја неутрализираат експозивната направа во зградата.
„Си-Ен-Ен“ јавува дека една жена, која работела во зградата, испратила СМС на својот татко во која пишувало дека имало пукање во зградата и дека се убиени луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст