| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемување на субвенциите за странските туристи

Друга поволност е тоа што Владата ги зголеми субвенциите, па од почетокот на следната година наместо по 25 ќе исплаќа по 65 субвенции за туристи од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија. Истовремено, ќе се исплаќаат и зголемени субвенции од 35 евра за гости до Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија. Досега за нив се исплаќаа по 25 евра

Туроператорите да ги искористат субвенциите за туризам и уште зимава да донесат странски гости. Статистиката покажува дека планините се на трето место по популарност кај странските туристи кои доаѓаат во земјава и заради тоа туристичките работници треба да го искористат престојниот период.

Друга поволност е тоа што Владата ги зголеми субвенциите, па од почетокот на следната година наместо по 25 ќе исплаќа по 65 субвенции за туристи од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија. Истовремено, ќе се исплаќаат и зголемени субвенции од 35 евра за гости до Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија. Досега за нив се исплаќаа по 25 евра.

– Ова е добра можност и за домашните туристички агенции да ги проучат сите овие можности и да ги проучат пазарите во земјите каде што доаѓа до зголемување на субвенциите и да стапат во контакти со партнери од истите овие земји со цел уште во текот на зимските одмори да се обезбедат туристи кои ќе дојдат од странство во Македонија. Имајќи во предвид дека овие странски туристи придонесуваат за зголем девизен прилив во РМ, овој потег би бил добар како за туристичките агенции кои што се домашни за зголемување на нивниот профит, така и за општиот економски раст на Македонија, се разбира со осврт на туризмот и сите оние гранки кои што гравитираат кон туризмот –  истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Владата исплаќа субвенции и за гости од Белгија, Холандија, Луксембург, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати, Кина, Индија, САД, Англија, Германија, Катар, Казахстан, Азербејџан и други земји.

Македонсиот туризам бележи силен раст во последните неколку години. Придонес за ова имаат владините субвенции, промоцијата на Македонија како туристичка дестинација, намалувањето на ДДВ за туризам од 18 на 5%,  модернизацијата на аеродромите во Скопје и Охрид, финансирањето на евтините авио летови до над 15 европски метрополи и голем број на други проекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top