Лидерот на германската најголема муслиманска организација вели дека земјата ги испрпува своите лимити за прифат на бегалци и мигранти. Првиот човек на Централниот совет на Муслиманите во Германија (ЦМД) Ајман Мацјек во изјава за гермаснките медиуми вели дека капацитетот на Германија да прими бегалци не е неограничен.
– Морално говорејќи, не може да има горна граница за прием на бегалци поради тоа што нашиот устав вели така и затоа што имаме историска одговорност за тоа, но кога зборуваме за практични аспекти на проблемот се работи за друго прашање. Се чини дека горната граница е веќе достигната – изјавил Мацјек.
Неговиот коментар доаѓа откако Централниот совет на германските муслимани се спротивстави на лиммитирање на приливот на бегалци во земјата. Во ноември Мацјек го критикуваше германскиот Централен Еврејски Совет кој побара ограничување на приливот на бегалци.
Изјавите на лидерот на германските муслимани ги поздравија и антиисламските и антибегалските политички сили. Партијата Алтернатива за Германија која стана трета политичка сила во земјата веднаш се согласи со Мацјек дека треба да се постават граници за прием на бегалци во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст