Регресот за годишен одмор или уште познат како к-15 е задолжителен во сите приватни фирми, објави „Вечер“.
Работодавачот треба да им го исплати на сите кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или казна затвор
Фирмите кои не го исплатиле треба да побрзаат и тоа да го сторат најдоцна до крајот на овој месец, ако не сакаат да се соочат со парични, па и затворски казни, пропишани со нашата законска регулатива. По измената на Општиот колективен договор за стопанството направена кон средината на годинава и нејасното толкување на нејзиното значење од синдикатите и работодавците кои ја договорија, остана дилемата дали сите приватни фирми мораат да го исплатат регресот, но правниците се категорични дека обврската важи и за годинава.
Со измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството лани во јануари се утврди не само правото, туку и минималниот износ на регресот за годишен одмор задолжителен за сите субјекти од приватниот сектор опфатени со Договорот, освен за оние за кои важат повисоки износи на регресот врз база на склучени колективни договари на ниво на гранка, оддел, дејност или работодавач. Притоа, како минимален задолжителен износ на К15 се утврдени 40 проценти од просечната месечна нето плата по работник во државата исплатена во последните три месеци. Така пресметана таа сума лани се движеше околу 8.600 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.