| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: ќе се изненадите колку често среќните двојки водат љубов

Ако мислевте дека паровите кои не ги тргаат рацете едни од други се посреќни од вас и вашиот партнер, големи се шансите дека грешите. Истражување открило колку често е потребно да водите љубов за да имате најздрава врска или брак.

5651aa6f-f28c-4082-91ae-55fe0a0a0a64-ap-01-13-2013-44200585-l-718x446

Со истражувањето се опфатени повеќе од 30 илјади лица, а во текот на изминативе 40 години се спроведувало детално истражување чии резултати се објавени во еден  реномиран стручен американски магазин.( Social Psychological and Personality Science).

Темата на истражувањето била интимноста помеѓу партнерите, односно колку сексуалниот однос е поврзан со нивната среќа, задоволството и врската. Резултатите кои ги добиле сигурно ќе ги развеселат бројните парови ширум светот.

recept-za-srekjen-i-dolgotraen-brak-soveti-od-iskusni-bracni-dvojki-1

Имено, истражувањето потврдило дека паровите кои водат љубов еднаш неделно се далеку посреќни и позадоволни од оние кои тоа го прават почесто или пак оние кои имаат секс два пати месечно или поретко.

Задоволството во врската е споредено и со богатството, односно со приливот на пари, а се покажало дека  повеќе пари во домот предизвикува подобро расположение и среќа но сепак помало задоволство од она што го  прави редовниот секс.

Ljubovna-dvojka-vo-krevet-iLike-mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top