| четврток, 6 декември 2018 |

Кокаин вреден 70 милиони евра запленет во Италија

kokain-za-70-mln-evro-zaloviha-v-italiq-342140

Полицијата на јужниот италијански град Реџо ди Калабрија објави дека запленила 344 килограми чист кокаин во вредност од околу 70 милиони евра, пренесе „Франс прес“.
Дрогата е пронајдена во текот на викендот во големото индустриско пристаниште Џоја Тауро во Калабрија, што е еден од главните влезови на каков било шверц во Италија.
Товар од 55 кг кокаин е пронајден во контејнер од Бразил за Словенија. Според документите цитирани од агенциите, контејнерот пренесувал алуминиум.
Втора пратка од 289 килограми е отворена во друг контејнер, кој патувал од Бразил за североисточниот италијански град Трст. Во декларацијата се вели дека во контејнерот се превезува кафе.
Според италијанската полиција од почетокот на годината во тоа пристаниште се запленети околу 932 килограми кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top