Граѓаните на ЕУ и на Колумбија веќе ќе можат да патуваат без визи. Тоа го предвидува договорот потпишан денеска од луксембургшкиот министер за надворешни работи, Жан Аселборн, чија земја претседава со ЕУ, и колумбискиот колега г-ѓа Марија Анхел Олгин.
Се очекува укинувањето на визите да го поттикне туризмот и бизнис односите помеѓу ЕУ и Колумбија.
Велика Британија и Ирска се исклучени од договорот, што значи дека тие можат на колумбиските граѓани да им наметнат свои правила за патување во нивните земји.
Решението треба да биде одобрено од Европскиот парламент, што се смета за формалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.