Ако мислите дека знаете се за турбуленциите, безбедноста и храната во авионите, веројатно ќе бидете пријатно изненадени од внатрешната информација, која еден пилот би можел да ви ја даде.
Дури и луѓето кои често летаат, можеби не знаат дека утрински летови минуваат полесно, а некои тврди слетувања се такви од безбедносни причини. За параноиците најверојатно е добро да знаат дека пилотите спијат во текот на летовите, а авионите се удирани од гром приближно еднаш годишно.
Како што откриваат корисници на „Quora“, некои од работите кои пилотите нема да ви ги кажат, се токму работите кои вие би сакале да ги знаете, пишува „Daily Mail“.
Понекогаш авионите се расипуваат
Иако би сакале да си мислиме дека авионите никогаш не се расипуваат, особено додека ние сме во авионот, тие всушност имаат изненадувачки број проблеми. Меѓу нив се запирање на струјата во пилотската кабина, откажување на акумулаторите и дури завршување на летови со само половина исправни мотори.
Во повеќето случаи, сепак неисправностите се отстрануваат пред летот или пак се отстрануваат за време на летот.
Некои слетувања може намерно да се тврди
Речиси секој кој летал со авион, доживеал вакво тврдо слетување, но тоа не секогаш се должи на грешка од страна на пилотот. Има случаи во кои пилотот треба да слета особено цврсто, за да се спречи лизгање на авионот на пистата. Најчесто кога врне, авионот треба да слета доволно цврсто, за да избегне лизгање на насобраната вода на пистата. Бидејќи речиси половина од сите инциденти и смртни случаи се случуваат за време на слетување, имате право да бидете загрижени.
Пилотите спијат во текот на летот
Непријатно е да мислите дека пилотот на авионот спие во исто време со вас, но и тоа се случува. Во 2012 година анкета меѓу претставници на синдикатот на пилотите открива дека повеќе од половина од пилотите заспиваат за време на летот. Ова е загрижувачко, но треба да знаете дека постојат и случаи во кои на пилотите им се овозможува да одмараат, на пример, ако вториот пилот го управува авионот. Кај долгите летови има дополнителни пилоти, така што секој има можност да одмори за слетувањето.
Летовите најлесно поминуваат наутро
Повеќето бури се во попладневните часови, а времето ноќе обично е ведро, што значи дека има помалку ветер, со кој пилотите треба да се борат.
Пониските температури исто така помагаат, бидејќи топлиот воздух кој се крева од земјата, исто така, може да допринесе за тресење за време на летот.
Пилотите јадат различна храна
Пилотите на авионите веројатно никогаш не се жалат од храната која се служи во авионот, бидејќи никогаш не им ги служат истите притоплени јадења, како на патниците во економска класа. Наместо тоа, тие јадат храна приготвена специјално за нив, или пак го јадат она што се сервира на патниците во бизнис класата.
Некои пилоти пак си носат сопствена храна. За да биде спречен ризикот од труење со храна, капетанот на летот и вториот пилот, обично јадат различни видови храна.
Речиси секој авион е удрен од гром
Минатата годината патник на летот на „Korean Air Lines“ го имаше снимено моментот кога гром удира во крилото на авионот. Сепак авионот не беше оштетен. Инциденти како овој, му се случуваат барем еднаш годишно на секој авион. За среќа, во повеќето случаи штетите на авионот се многу мали.
Во кислородни маски има воздух само за 15 минути
Во итни случаи, на голема височина, патникот има само неколку секунди за да си ја извади маската, пред да се онесвести. Но, во маската има кислород само за околу 15 минути. За тоа време, сепак пилотот би требало да ја намалил висината на авионот, доволно за да не мора да се дише со кислородни маски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.