| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Мир во Сирија кога Западот ќе престане со поддршка за терористите

Мирот ќе дојде во Сирија ако Западот и нивните сојузници на Блискиот исток „престанат да ги поддржуваат терористите“, изјави сирискиот претседател Башар Асад.

basar al asad

-Кога државите Франција, Велика Британија, САД, Саудиска Арабија, Катар и останатите ќе престанат да ги поддржуваат терористите (вооружена и невооружена опозиција), ситуацијата во државата ќе се поправи веќе следниот ден. Мирот дефинитивно ќе дојде во Сирија за неколку месеци ако западните држави престанат да го прават тоа, изјави Асад во интервју за Чешката телевизија.

-Ако навистина сакате да ги победите терористите, тогаш неопходно е да им се прекине доставувањето муниција, оружје, пари, кои воглавно ги добиваат преку Турција со поддршка од Саудиска Арабија и Катар, нагласи Асад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top