| четврток, 6 декември 2018 |

Стразбур го осуди блокирањето на „Јутјуб“ во Турција

CF5B046B-E2F2-41D5-A3B5-9BC2DCC81831_cx0_cy0_cw0_w800_r1

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, призна дека Турција ја прекршила Европската конвенција за човекови права, со ограничување на пристапот до „Јутјуб“ во продолжение од две години. Од мај 2008 година, до октомври 2010 година, пристапот до мрежата за видеосподелување беше забранет од судот во Анкара, поради десет видеа кои беа дефинирани како навредлив однос кон таткото на нацијата, Мустафа Кемал Ататурк.
– Блокирањето без законска основа на пристапот на корисниците до„Јутјуб“ е прекршување на правото да добиваш и да пренесуваш информации – наведува во образложението судот во Стразбур, по жалба од тројца турски правници.
– Судот, исто така, смета дека е неосновано национални судови да наметнуваат полни забрани за пристап до интернет, поради одделни фрагменти содржина – се вели во мислењето.

Забрана за пристап на „Јутјуб“ и илјадници други веб-сајтови е причина за многу обвинувања за кршење на слободата на говорот против тогашниот премиер и денешен претседател на Турција, Реџеп Ердоган.

sara-309-

Владата на „Партијата на правдата и развојот“ на Ердоган, исто така ја блокира социјалната мрежа „Твитер“ и повторно „Јутјуб“ во 2014 година, откако преку нив беа распространети аудио записи кои го инкриминираат лидерот и други официјални лица за корупција.
Претходно, оваа година Анкара повторно блокираше содржини на „Јутјуб“, овој пат стануваше збор за 12 видеа, кои упатуваат навреди кон муслиманскиот пророк Мухамед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top