На прв поглед ќе речете дека сите тие се естрадни личности но има и нешто друго што им е заедничко на овие дами.
Имено сите тие се фотографирале за „Плејбој“ машкиот магазин кој денес го прославува 62. роденден (тука прочитајте повеќе за тоа ).
Каролина Гочева го скрши мразот појавувајќи се во долна облека во првиот број на македонскиот Плејбој. По неа поголема храброст покажа Миа, која прва се соблече топлес.
Друштво и правеше нејзината пријателка Маја. Следуваше Александра Накова, потоа Елизабета Симоновска која направи многу храбар чекор. Нина Костова беше девојката која ја красеше насловната страница во јули минатата година. Последната Македонка која се појави во ова списание е Марија Кочовска. (повеќе фотографии погледнете тука).
Цеца Ражнатовиќ пред цела деценија се најде на страните на Плејбој, а тогаш беше во малку поинаков фазон.
Сека се фотографираше митата година во мајското издание на Плејбој. Сека на насловната страница на овој познат американски магазин се сликаше пред својот 33-роденден, бидејќи како што рече, таа е остварена и како жена и како сопруга, а целиот хонорар го подари во хуманитрани цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.