Висок претставник на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) побара од Федералната влада да воведе забрана за носење на традиционалната муслиманска шамија – бурка на јавни места во Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Министерката за финансии на Баварија, Илзe Ајгнер најави дека наскоро би можел да биде усвоен закон за забрана на бурките во најбогатата германска покраина, каде што има и најголем број бегалци.
– Прво и најважно е да си ги гледаме лицата. Се работи за живеење заедно како општество и да се гледаме меѓусебно. Не одговара на нашето општество да се криеме. Тоа е против нашите идеи за сексуална еднаквост – изјави Ајнгер, која е членка на ЦСУ, сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, кој дејствува само во Баварија.
Според Ајгнер, ЦСУ инсистира на донесување закон против бурките и тој треба да важи и за туристите, кои доаѓаат во Баварија.
Таа вели дека кога била во Иран морала да ги следи правилата на земјата-домаќин и затоа очекува и сите што ќе дојдат во Германија, без разлика дали имаат германски пасош, да ги следат германските закони и обичаи.
Покраината Баварија веќе усвои закон со кој наставниот кадар во училиштата не смее да носи бурка. Вакви закони досега донесоа и неколку европски држави, меѓу кои и Франција, која го стори тоа во 2011 година.
Дебатата за воведување забрана за носење бурка и хиџаб во Германија беше проседелена и со транспаренти на десничарските антиисламски движења на кои канцеларката Меркел носеше бурка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст