Иако има само шест месеци, британската принцеза Шарлот има многу да покаже, а неверојатните сличности со другите членови на семејството ја фасцинирале јавноста.
Фотографиите кои ги направила нејзината мајка Кејт во домот на кралското семејство се објавени во знак на благодарност на британските медиуми кои им дозволуваат на децата на војводата и војвотката од Кембриџ да растат далеку од очите на јавноста.
Ако подобро се загледаме во малата Шарлот, може да забележиме дека таа има преслатки и природно убави обликувани веѓи кои потсетуваат на веѓите на нејзината мајка.
На прашањето на кого личи Шарлот не е едноставно да се одговори, бидеќи таа добила по нешто од секој член на семејството.
Принцот Вилијам имал многу нежен и светол тен кога бил бебе, така што Шарлот тенот го наследила од својот татко. Според бојата на косата, таа е бринета, како нејзината мајка. Бојата на очите на Шарлот е сина и има шанси да се сменат, бидејќи е уште бебе. Нејзината мајка има кафеави очи, а нејзиниот постар брат Џорџ и татко ѝ имаат светлосини.
Но, она за што најмногу се согласуваат многумина е дека малата Шарлот неодоливо потсетува на кралицата Елизабета кога таа била мала, посебно кога била бебе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.