На 20 ноември се навршија 68 години од свадбата на Кралицата Елизабета и едно од најубавите нешта останати од овој ден, е емотивното писмо што го напишал нејзиниот татко, кралот Џорџ VI.
За секој татко е тешко да ја даде раката на својата ќерка, затоа денот на свадбата, освен со радост, е проследен и со навестување на тага.
– Бев толку горд и возбуден кога одевме кон олтарот, но кога ја пуштив твојата рака, почувствував дека губам нешто многу, многу драгоцено. Ти беше толку опуштена за време на церемонијата и беше толку убедена во своите зборови… Тогаш сфатив дека сѐ е во ред.
Со мајка ти те одгледавме со многу љубов и внимание. Знаеш колку ја сакам и колку е таа прекрасна за мене, како што си и ти сега.
Сигурен сум дека секогаш можам да сметам на тебе и на Филип. Ќе го продолжите нашето дело.
Денес ти го напушташ нашиот дом и сега тој ќе биде толку празен без тебе. Но не заборавај дека секогаш си добредојдена. Куќата во која си одгледана е и твоја. Доаѓај, колку што е можно почесто. Знам дека си многу среќна со Филип и тоа е прекрасно, но те молам не заборавај го својот предан татко.
За жал, четири години подоцна Крал Џорџ VI го стигна ненадејна смрт, додека Елизабета е на патување во Кенија заедно со својот сопруг. На 25-годишна возраст Елизабета е прогласена за Кралица на Англија, а сега, 64 години подоцна, таа е најдолго владејачкиот владетел во историјата на Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст