Славниот музеј во Париз денеска не бил отворен за посетителите зашто вработените штрајкувале поради зголемувањето на бројот на џепчиите кои ги ограбуваат и туристите и вработените во еден од најголемите музеи во светот.
Според управата на музејот, која во декември 2012 вложила жалба до канцеларијата на обвинителот во Париз и побарала полициско засилување за да се справат со растечкиот проблем на џепчиите, 200-те вработени денес го оствариле своето право на штрајк, пишува британски „Телеграф“.
Стотината вработени се собрале да протестираат пред Министерството за култура, под кое спаѓа музејот. Портпаролот на управата на музејот изјавил за „Франс прес“ дека се активирани службите на правосудството и на полицијата и дека се работи на воспоставување соодветен безбедносен систем.
Лувр прима околу десет милиони посетители годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст