| четврток, 6 декември 2018 |

„Коха диторе“: Борци на ИД се кријат во Скопско

Седум лица од Косово кои се бореле на страната на „Исламската држава“ (ИД) во Сирија, се вратиле на Балканот и сега се сместени во неколку села во близина на Скопје, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Весникот се повикува на разузнавачки служби, кои биле информирани за пристигнувањето на Лавдрим Мухаџери, Ридван Хакифит и на пет други Албанци, членови на ИД.

Голем број странски џихадисти почнаа да ја напуштаат Сирија откако Русија, почна со бомбардирање цели на ИД во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top