| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Странски разузнувач од западна амбасада барал информации за моето обезбедување

вучиќ

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, тврди дека постои постојана желба да се урне владата.

– Не мислам дека имаше државен удар, ниту дека има сили или волја за такво нешто. Овде има постојана желба да се урне владата на Србија – изјавил Вучиќ за РТС.

– Ова не е критика туку најтешко можно обвинение за кривично дело. Објавена е потерница на една насловна страница и тоа не е политички напад, туку обвинение за конкретно кривично дело. Нема да дозволам никому во Србија да ме врзува со каков било криминал. Ми се гади од криминалци и затоа се борам против нив и не сакам на мене да падне каква било сенка – рекол српскиот премиер.

Тој не сакал да одговори дали во нападите на владата се вмешани и амбасади, но навел дека „не зборува за нешто за што нема докази, но сепак се случувале чудни работи“.

– Кога ги посетував мигрантите на Железничката станица ме известија дека еден човек ги посетувал „Кобрите“ но и луѓе од партијата и дека се распрашувал колку луѓе имам во обезбедувањето. Тоа се случи по нападите врз мене во Сребреница. Кога припадниците на „Кобрите“ ја повикаа личноста да го прашаат зошто се интересира за обезбедувањето на премиерот излезе дека станува збор за главен разузнавач, односно прв секретар на една западна амбасада. Зошто им е тоа важно, не знам. Тоа е мое лично разочарување, но никогаш нема да кажам за која земја станува збор, затоа што не сакам да ги расипувам односите со таа земја. Односите на Србија со таа земја се поважни од тоа што лично го чувствувам – рекол Вучиќ.

На прашањето дали американскиот амбасадор Мајкл Кирби му е пријател со оглед на тоа дека јавно истакнал дека амбасадата не учествува во уривање на владата, Вучиќ рекол:

Кирби е мој добар познаник, не можам да се пофалам дека ми е пријател, но секако е пријател на Србија.

На прашањето, пак, дали шефот на Европската делегација во Србија, Мајкл Девенпорт, му е пријател, Вучиќ рекол:

– Моја работа е професионално да работам со Девенпорт, тоа е сѐ што можам да кажам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top