Енес Омерагиќ влезе во обложувалница и ладнокрвно уби двајца војници. Виде и трет, па пукаше кон автобус полн патници. За среќа, сите преживеаја. Тоа се случи само пет дена по нападот на Париз. Тоа беше првиот терористички напад по Париз. Се одржа во Сараево. Во земја која со години од светските политичари и медиуми се нарекува исламистичко легло во срцето на Европа. Легло од кое ќе експлодира радикалната исламистичка офанзива на Западна Европа.
И додека медиумите и политичарите се фокусираа на Босна и Херцеговина, радикалниот ислам под радарот се шири на Балканот – Србија, Македонија, Косово, Албанија. Преку интернет, социјалните мрежи, радикалните делови на локалната исламска заедница, идеите на „Ал каеда“, а подоцна и на ИСИЛ, пронајдоа свој пат до сиромашното и до необразовано население на овие простори.
Кога во Сирија започна војната сите против сите, беше предоцна. Сирија беше преплавена од муслимански борци од Балканот. Околу 70о борци од овие земји заминаа да се борат во редовите на ИСИЛ и на фронтот ал-Нусра.
Според достапните податоци, Босна и Херцеговина е четврта во светот по бројот на жители, кои се приклучија на ИСИЛ. Само оваа година 92 граѓани на БиХ се приклучија на оваа организација. Веднаш зад нив е Косово, од каде што во ИСИЛ оваа година заминаа 83 борци.
Според проценките наекпертите за сигурност, во последните петнаесет години во подрачјето на Балканот е направена квалитетна мрежа на келии на радикални исламистички групи, кои се спремни да тргнат во борба против западната цивилизација.
Министерот за внатрешни работи на БиХ вели дека во неговата земја има околу 3.500 вахабисти, кои се сметаат за главни пропагатори на радикалниот ислам и на тероризмот. Но, проценките кажуваат дека бројот е многу поголем.
– Тоа е објавување војна – изјави соговорник за „Јутарњи лист“.
Повеќето екперти се едногласни – Балканот е загрозен.
– Најзагрозени се БиХ, Косово и Албанија. Целта на ИСИС и на другите радикални групи е да го разгорат концептот на заеднички соживот меѓу муслиманите и христијаните. Овие три држави се како создадени за тие планови – тврдат соговорници на хрватскиот медиум.
Според нив, муслиманите од Косово и од Албанија се многу порадикални од оние босанските. Проблемот е во тамошните исламистички заедници, кои се поделени и испреплетени со радикални елементи.
Слична е ситуацијата во Македонија. Според зборовите на овие соговорници, најпроблематично е во западна Македонија, каде што живеат повеќето радикални исламски Албанци, кои соработуваат со истомислениците од Албанија и се во судир со секуларните Албанци националисти и со македонската држава.
Во БиХ, исламската заедница е прилично обединета во осудата на радикалните исламисти и се обидува да ја смири ситуацијата. Но, според достапните податоци, бројот на радикалните муслимани е сѐ поголем. Слична е ситуацијата во Санџак, која треба да се посматра како теориторијална целина која ја зафајќа Србија, БиХ и Црна Гора.
– Муслиманите од Санџак се далеку најрадикални – влеи еден од соговорниците. Во тамошната Исламска заедница веќе со години трае судир меѓу две струи, што само ја засилува радикализацијата.
Извор: Jutarnji.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст