Активноста на две организации, финансирани од американскиот магнат Џорџ Сорос, беше прогласена за непожелна на руска територија.
Станува збор за Фондацијата Отворено општество и за Институтот Отворено општество Фонд за помош. Одлуката е донесена од Генералното обвинителство на Русија, откако е добиено обраќање од страна на Советот на федерацијата (горниот дом на рускиот парламент).
Претходно пратениците направија т.н. патриотска листа со 12 странски невладини организации, кои добиваат средства од странство и чија активност на руската територија е прогласена за непожелна, поради закана за националната безбедност.
Списокот беше предаден на обвинителството и министерствата за правда и за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.