| четврток, 6 декември 2018 |

„Охридњус“: Потона бродот на Ѕинго

фото: „Охридњус“

Од пред неколку дена, во каналот Студенчишта може да се забележи потонат брод во близина на Хидробиолошкиот завод, јави „Охридњус“.

Како што коментираат старите охридски рибари, бродот подолг временски период се наоѓал во лоша состојба, а, според процените, неговата тежина изнесува неколку десетици тони. Причините за неговото тонење, најверојатно, се поврзани со оштетувањата што се видливи на пловниот објект и со зголеменото ниво на каналот.

brod zingo
Овој пловен објект во Охрид беше донесен во 90-тите години од минатиот век, но никогаш не заплови. Откако беше закотвен во каналот Студенчишта, тој стана собиралиште на бездомници, а на неколку наврати беше и опожарен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top