Не е тајна дека промената на полот која ја направи Брус Џенер најмногу ја погодила неговата најмала ќерка Кајли Џенер. Поминаа неколку месеци и Кајли конечно реши да проговори за овие чувствителни теми.
-Кејтлин сега ја сакам многу повеќе од Брус – кажала 18 годишна ѕвезда на реалното шоу во емисијата на Елен Деџенерис.
-Сега зборуваме за шминка и гардероба. Се поврзавме на повисоко ниво и повеќе нем тајни кои постојано провејуваа но сите се правевме дека ништо не се случува. Јас искрено знаев уште како девојче дека нешто не во ред. Ми се случило во неколку наврати да го фатам Брус како се облекува и шминка како жена, но никогаш не зборевме за тоа- изјавила Кајли.
Иако е ова тешка промена на која децата тешко се адаптираат Кајли открила дека и е помило до себе да има мајка која е среќна и задоволна отколку традиционален татко кој е исфрустриран од тоа што целиот живот го поминал во погрешно тело.
-Таа сега живее онака како што требаше да живее целиот живот. Сакам да бидам добар пример за мојата генерација и да порачам дека сите треба да се прифатиме еден со друг без оглед какви сме – појаснила Кајли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.