Во Бел двор, на имотот на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, на 27 ноември во Белград се оддржа традициналната годишна манифестација „Најпочитувана и најомилена жена на 21 век“ каде што во различни општествени и професионални категории за своите високи достигнувања се наградени препознатливи жени од Србија и од регионот.
На оваа манифестација, Анета Антова – Пешева, основач на групацијата „Ултра- Унет“ д.о.о. Скопје се закити со титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на информатичкиот бизнис. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, земајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија што успешно работи веќе 27 години.
Покрај бизнис-достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и чинител на филантопски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца.
Оваа престижна манифестација е организирана од агенцијата „Аирли ниво“ од Србија, предводена од Слаѓана Обрадовиќ – Петровиќ која препознава дела и проекти на жени од регионот од областа на: медицина, туризам, бизнис, естетика, уметност, култура, јавни дејности, новинарство.
Покрај Пешева, во останатите категории наградени беа и околу 20тина жени од регионот меѓу кои: Мира Бањац, Билјана Обрадовиќ, Весна де Винца, Неда Украден, Ана Бекута, Ана Књажовиќ-Мијаловиќ, Сузана Манчиќ, Јасмина Трумбетас Петровиќ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст