Првите десетина дена од декември нема да донесат некои позначајни промени на времето. Според „Метеопро“ временските услови ќе бидат диктирани од прилично развиено антицилконално поле, кое ќе се наоѓа на јужната половина од европскиот континент и нема да дозволат продор на студен воздух од север кон нашите краишта.
Во првите три дена се очекува и нешто повисока температура на воздухот, кога станува збор за максималните вредности низ поголемите населени места, и ќе има вредности во дијапазонот од 12 Целзиусови степени до 16 Целзиусови степени, на југоисток и до 18 Целзиусови степени во четврток, 3 декември.
Во деновите на првиот декемвриски викенд температурата ќе биде пониска за разлика од претходните денови, но сѐ уште со вредности повисоки од 10 Целзиусови степени . Југоисточниот крај овие денови очекува максимална 14 Целзиусови степени.
Овој температурен тренд ќе се задржи до крајот на овој 10 дневен период.
Утрата нема да бидат особено студени. Наутро в четврток, 3 декември, како и во утрата по недела можна е појава на котлинска магла, која не би требало да се задржува особено долго во текот на денот.
Овој 10-дневен период ќе биде генерално сув и без врнежи.
Подетално на „Метеопро“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.