Петтиот по ред фестивал – Недела на дизајн во Скопје успешно и креативно се одвива во новиот простор Јавна соба – центар за дизајн и иновации.
Посетеноста на работилниците докажуваат дека младите дизајнери се желни за нови, интересни и креативни сознанија кои овие работилници ги понудија. Се одржаа шест работилници посветени на децата каде што тие имаа шанса да се запознаат подобро со сопствените сетила и моменталниот простор, потоа имаше работилница за фотографија, едукативно-креативната работилница со Бреинобреин, работилницата за домашен декор…
Во склоп на Неделата на дизајн во Скопје Марта Наумовска Грнарова одржа презентација на тема „Развој на концепции за производи во кои се вљубувате“, а предаваа и д-р Бојан Каранаков, кархитект, Лидија Георгиева дизајнер, а Маја Лалиќ од Балканската дизајн мрежа ги презентираше бенефитите од членување во мрежата и што таа мрежа значи за сите.
Балканската дизајн мрежа е формирана од страна на Јавна соба од Скопје, Миксер од Белград и Хрватско дизјанерско друштво од Загреб со цел да ја артикулира и понуди стратешка поддршка во развојот и позиционирањето на балканскиот дизајн. Понатаму, мрежата има за цел да ја подига свеста за значењето на дизајнот во процесот на социјален и еконсомски развој на едно општество и промоција на вреднсотите од дизајнот на регионално и меѓунардоно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст