Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечерва организира етноџез-концерт на кој ќе настапат Илчо Јованов (хармоника), Тони Китановски (гитара), Дине Донев (бас), Александар Секуловски (тапани).
Концертот ќе биде одржан во Лилавиот салон на Чешкиот центар во Софија, кој е партнер на македонскиот Културно-информативен центар во организацијата на овој настан.
КИЦ на РМ соопшти дека таа сцена е позната во Софија и настапувале многубројни значајни европски имиња од областа на џез-музиката и дека за концертот на македонските музичари интересот е голем.
Концертот, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, ќе го отворат директорите на македонскиот Културно-информативен центар и Чешкиот центар во Софија, Васко Шутаров и Катерина Хуртаева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.