| четврток, 6 декември 2018 |

Супер моќите на вашата вагина

vaginaВашата интимна „пријателка“ не прави чуда , но има определени карактеристики за кои што досега можеби не сте знаеле.

Вагината може да ја промени бојата

Во текот на сексуалното возбудување или бременоста, зголеменото количество на крв во овој дел од телото може да резултира со промена во бојата на вагината. Истите промени се забележливи и во периодот на менопаузата. Затоа без грижи ако забележите дека половиот орган ви сменил боја.

Поголема од вообичаено?!

Колку повеќе сте возбудени толку е поголема вашата вагината. Таа се зголемува и за време на породувањето, па нека не ве чуди ако по бременоста сексот не изгледа како порано.

Може да ја вежбате

Досега најверојатно сте слушнале за познатите Кегелови вежби со помош на кои ќе ги затегнете вагиналните мускули. Ако сакате посилна вагина внесувајте помалку кофеин и што почесто правете ги овие вежби.

Сама се чисти

Како очите така и вагината има способност сама да се исчисти. Ова не значи дека треба да престанете да ја миете туку дека може да поминете и со обична вода или интимен гел. Освен тоа треба да знаете дека вашиот полов орган излачува различни типови на течности кои може да се разликуваат по бојата во зависност од тоа во кој дел од менструалниот циклус се наоѓате.

Има механизам на самозаштита

Вагината не е бесконечна, па доколку нешто се изгуби во неа од типот на кондом или тампон истиот нема да може да навлезе во матката поради цервиксот на матката што ќе го оневозможи тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top