| четврток, 6 декември 2018 |

Бјелица им одговори на злобниците:Болеста е најголема спонзоруша

иси

Исидора Бјелица која води битка со најтешката битка против најтешкиот облик на рак, во интервју за Гранд магазин, објаснила како во јавноста со години наназад оставала впечаток на жена која се бања во луксуз, иако никогаш не била богата.

-Имаше злобни  коменатри кога се разболев, како сега немам пари за лекување, а патував, носев скапи шешири. Луѓето не знаат дека не е исто да живееш во луксуз и да ја естетизираш реалноста, што како уметник правев. Тоа што имав наследена библиотека и уметнички слики, што имав привилегија прво поради татко ми, а потоа и поради мојата работа, да го обиколам светот, не значи дека сум богата. Луѓето не разбираат колку чини болеста. Во шега велам дека болеста е најголема спонзоруша.Дури и да сум имала нешто заштедено, тоа отишло за првите денови на лечењето- објаснила Бјелица.

– Некои ги коментираа моите шапки, како да е тоа нешто што може да се уновчи. А кога држев продавница за шапки, никој не сакаше да ги купи. Од тоа не се заработува. Кога сакавме да го продадеме станот, никој не сакаше да го купи – објаснува Бјелица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top