| четврток, 6 декември 2018 |

Најчести заблуди за настинката

Зимата е на прагот, и вирусите се спремаат да нападнат по летната пауза. Меѓутоа, ова е време кога не не демнат само вирусите , и тоа 200 видови, ­ туку и многубројните митови што ги следат.

1-dali-niskite-temperaturi-predizvikuvaat-nastinka-www.kafepauza.mk_

 

Кои се најчестите заблуди во врска со настинките и нивното лекување?

Препотувањето го забрзува заздравувањето

Мислите дека после неколку литри чај и спиење во сауна под десет ќебиња ќе се разбудите како нови? За жал, овој метод е сосема неефикасен и може само да ни ги ублажи симптомите, но не и да го забрза заздравувањето. Лекарите, сепак, советуваат да не го избегнувате препотувањето доколку ви годи – во секој случај, не може да штети.

Настинките се последица на падот на имунитетот

Ослабениот имунолошки систем на значи и зголемен ризик од настинување. Истражувањата покажале дека здравите луѓе не заболуваат поретко од оние болешливите. Истата студија покажала дека 95 отсто луѓе на кои вирусот на настинка е нанесен на слузницата на носот се инфицирани со настинка, што значи дека и здравите и отпорните луѓе се високо подложни на вируси, доколку тој влезе во нивниот организам. Сепак, само 75 отсто инфицирани ги имале и симптомите на настинка. Всушност, научниците мислат дека луѓето со посилен имунитет повеќе заболуваат, бидејќи инфекцијата без симптоми може токму тоа да значи – дека вашиот одбранбен систем е ослабен.

Витамин Ц, цинк и ехинацеа помагаат во лекувањето на настинка

Сите ние прво го фаќаме витаминот Ц кога ќе ни протече носот, но тој, всушност, нема никакво дејство на вирусот на настинка. Еднаш кога ќе заболите, ќе ви биде многу покорисно да земате средства за ублажување на симптомите. Ниту една студија не покажала дека витаминот Ц, ехинацеата или цинкот навистина помагаат кај лекувањето на настинката – ниту го забрзуваат оздравувањето, ниту ги ублажуваат симптомите.

Бакнувањето со настината личност пренесува вирус

Концентрацијата на вирусот на усните и во устата на лицето со кое се бакнувате, всушност, не е доволна за да се заразите. За разлика од практично безопасната плунка, слузот што тече од носот е главен извор на заразата. Доколку имате поблаг облик на настинка, можете слободно да уживате во бакнувањето, без страв дека болеста ќе ја пренесете понатаму.

Централното греење ја зголемува можност за настинка

Овој мит го доведува во врска сувиот воздух, кој е резултат на централното греење, со сушењето на слузницата на носот, така што вирусите полесно продираат во организмот. Всушност, носната слузница е многу отпорна на сув воздух и не ја намалува својата влажност ниту во екстремно сувите услови. Сезоната на настинки секако почнува некаде во септември, пред да почне грејната сезона.

Децата кои се во колектив многу почесто заболуваат

Тоа е точно, но само во текот на првата година во градинка. Меѓутоа, студијата на 135.000 деца во Данска покажала дека тој ризик драстично се намалува по една година меѓу децата, односно вирусите. Шансите дека и наредната година детето ќе добие настинка се исти и кога оди во градинка, и кога ќе остане дома. Раната изложеност на микроби може на детето да му направи добро на подолги патеки – отпорноста која детето ја стекнало борејќи се со мноштвото вируси на настинка, ќе го намали ризикот од заболување во подоцнежното детство.

Не треба да се лекуваат симптомите

Многумина веруваат дека симптомите на настинка (течење на носот, кашлица) се начин на кој нашиот организам се бори против настинката и дека не треба да се ублажуваат. Всушност, со капките за нос нема да го забавиме заздравувањето, но ќе ја намалиме шансата другите да се заразат од нас. Средствата за ублажување на симптомите ќе ви помогнат полесно да ја истрпите настинката, како и таа да не се шири понатаму. Не заборавете дека 25 отсто инфицирани немаат никакви симптоми, па сепак успешно оздравуваат. Ако дозволите носот да ви биде затнат или да тече, само можете да ризикувате компликации – дувањето на носот внесува секрет во синусните празнини и ја зголемува можноста за секундарна бактериска инфекција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top