| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Пабло Ескобар: Татко ми запали 2 милиони долари да не загрее! (ВИДЕО)

Имотот “Хациенда Наполи“ веројатно е место кое секое момче во Колумбија го сонува. Од едната страна на луксузната вила се наоѓа картинг писта, од друга страна зоолошка градина со егзотични животни, а тука е прекрасниот базен со пријатно загреана вода. Момчето кое денеска се вика Себастијан Марокин го имал сето ова, но неговото растење во рајското место беше далеку од идеално. Единствениот виновник за тоа е неговиот татко – Пабло Ескобар. Најмоќниот наркобос на сите времиња кој цела една деценија немилосрдно ги ликвидираше сите противници, па дури и министри и претседателските кандидати.

Pablo-Eskobar-5

Себастијан Марокин кој тогаш се викал Хуан Пабло Ескобар, го имаше целото богатство на светот, но ниту малку не уживал во него. Неговите единствени пријатели во тоа време биле телохранителите.

-Имав 30 мотори, а не можев да ги возам. Тоа е иронично. Сега го немам целиот тој луксуз, а се чувствувам како милионер бидејќи ја имам својата слобода, тврди Себастијан на кој ниту на крај памет не било датргне по стапките на неговиот татко.

Денес е почитуван архитект и голем борец против нарко – мафијата. Откако станал полнолетен, први што го направил е промената на името. Своето ново име го пронашол во телефонски именик. Иако и ден денес продава маички со ликот на неговиот татко, Себастијан не сака да има било каква врска со човекот кој повеќе од две децении го тероризираше поголемиот дел од Колумбија. (Другиот, помалиот дел, го сметаше за модерен Робин Худ). На крајот дури и се спријателил со децата на кои родителите им биле жртви на теророт на Ескобар.

Pablo-Eskobar-1

Себастијан објави и книга со име “Пабло Ескобар: Мојот татко“ во која опишува бизарни детали  од  животот на неговиот татко во кој дури и танчарките на неговите забави се враќале дома побогати за неколку десетици илјади долари. Исто така пишува дека Пабло понекогаш знаел и да ги крева хеликоптерите доколку неговите деца би посакале да јадат нешто од ресторан за брза храна.

-Имав необична привилегија да бидам синот на Пабло Ескобар. Свесен сум кој и што бил тој, но ако мислите дека ќе кажам како тој бил лош татко, тогаш се лажете. Ми кажа дека ги пробал сите дроги кои постојат на светот освен хероинот и да не ми доаѓа на памет да го сторам истото. Првото правило беше – никогаш не се дрогирај. На неговите работници кои пушеа “трева“ пред мене знаеше да им се заканува со убиство. Ден денес ги чувам илјадниците негови писма во кои ме советува да бидам добра личност, да бидам добар ученик и да немам допир со дрогата, кажал Себастијан во разговорот за АФП.

Luka.djalovic

-Секој ден ги менувавме сигурните куќи. Мислам дека сменивме 15 локации ширум Медељин. Кога не преместуваа ни ставаа преврска преку очите за да случајно не ни се “испушти“ ако не фатат. Пабло дури во еден момент купи цела такси компанија само да за може да контролира кој влегува, а кој излегува од градот, кажал синот на познатиот нарко бос.

-Во целата приказна парите беа најмал проблем. Лично сведочев како еднаш запали два милиони долари за да не загрее и да ни зготви вечера, раскажал Себастијан.

Во разговорот за “Индепендент“ тој кажал дека на 11 години сведочел како еден негов апартман одлетал во воздух откако некој поставил авто – бомба.

-Мајка ми и јас го молевме да го запре насилството, но тој ни одговори дека дошол до точка од која нема враќање, вели Себастијан.

Pablo-Eskobar-otvara-igraliste-ciju-je-izgradnju-platio

И додека Владата го сметаше за непријател број еден, обичниот народ од Медељин го обожуваше Пабло. Себастијан открива дека Ескобар постојано градеше фудбалски игралишта и училишта единствено со цел сиромашните деца да не завршат во пеколот на дрогата.

Животната авантура на “Кралот на кокаин“ е завршена во 1993 година кога наводно бил убиен од специјалците. Неговиот син сто отсто верува дека никој не го убил Пабло, туку тој извршил самоубиство.

-Тој ја имаше испланирано својата смрт и тука нема никаква дилема, кажал Себастијан.

Од големото богатство на татко му тој сега нема ништо. Веднаш по смртта на Ескобар, неговиот син, тогаш 17 годишно момче пребега во Аргентина.

-Бев целосно збунет во тоа време. Ја мразев Колумбија, дури им се заканував и на власите. Меѓутоа, само десет минути потоа зажалив заради таа моја постапка. Напоредно сфатив дека по смртта на мојот татко, следниот на ред за отстрел би можел да бидам токму – јас.

Pablo-Eskobar-u-kovcegu-siromasni-mu-odaju-postu

Набрзо малиот Ескобар го сменил името, но и целиот живот. Почнал да студира архитектура и да држи говори против насилство и дрога. На крајот признал дека неговиот татко бил далеку од херој.

-Горд сум на себе!Можев да станам Пабло Ескобар 2.0. Дури можеби и поопасна верзија на мојот татко, имав стотина шанси да го наследам картелот. Но јас решив да студирам и легално да успеам во животот, кажал на крајот Себастијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top