| четврток, 6 декември 2018 |

Турска „Неса енерџи“ заинтересирана за градење на ветерни турбини

Компанијата бара добра локација, а ќе го испитува и квалиетот на ветерот од што зависи дали ќе ја реализира идејата за иградба на ветерни турбини во Богданци

201012221105555Писмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општина Богданци денеска потпишаа заинтересираните турски инвеститори од компанијата „Неса енерџи“ и градоначалникот Ристо Ичков.

„Неса енерџи“ се грижи за развој, финансирање, реализација и менаџирање на проекти од областа на обновливите извори енергија во Турција, а има претставништво во Скопје.

Доколку се исполнат сите услови за потпишување конечен договор со прифатлива локација и квалитет на ветерот, компанијата е подготвена да изгради 44 ветерни турбини вредни вкупно 130 милиони евра.

Потребните анализи на терен ќе се направат веднаш, а општина Богданци ќе ја почне процедурата за донесување на урбанистичко-планската документација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top