Група на лица кои се водат како економски мигранти, односно мигранти кои согласно одлуките на европските земји и земјите од балканската рута не се пропуштаат за влез во Македонија, денес со употреба на насилство се однесува кон македонската полиција која физички согласно уставот и законите ја обезбедува јужната државна граница.
Овие насилници кои доаѓаат од и се наоѓаат на грчка територија, фрлале со камења врз македонските полицајци и се обиделе директно и одблиску да ја нападнат полицијата со употреба на разни предмети.
Според првичните информации од теренот, при овој облик на насилство од страна на лица од другата страна на границата, полесно се повредени неколку македонски полицајци. Од страна на лекарски екипи на Министерството за здравство е укажана прва помош на тројца припадници на безбедносните сили.
-Зачудени сме од овој изблик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, вели висок извор од Владата.
-Акцентираме дека наше право и должност е да ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните на Република Македонија, но и да помогнеме на нашите пријатели од Европската Унија. Хуманоста и безбедноста не може да се попречуваат една со друга, туку одат заедно. Ние сме и за хуманост и за безбедност и така ќе продолжиме да се однесуваме , додаваат од Владата.
Експерти од областа на безбедноста кои што ги контактираше нашиот медиум не исклучуваат дека овие облици на насилство можат да бидат мотивирани од провокатори помеѓу мигрантите кои имаат скриена и сомнителна агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст