Германска компанија која инвестираше во Македонија, им посочила на своите кинески партнери дека се задоволни од понудените услови и им препорача да го анализираат пазарот, и ако е можно нивната нова постројка во Европа да ја изградат во Македонија.
Во моментов немаме многу кинески инвеститори со гринфилд фабрики. Нашите гринфилд инвеститори се главно од Германија, САД и Британија, потоа Италија, Белгија и други земји, подвлече премиерот Никола Груевски во интервју за најтиражниот азиски весник China Daily.
-Од Кина се уште немаме таква значителна инвестиција, со градење нова фабрика, производство на некој производ и негов извоз. Но, во моментов сме во дискусии со неколку такви компании. Пред два дена се сретнав со една таква компанија која планира да инвестира во Македонија, за инвестиција од 140 милиони евра со која би се отвориле 1.400 работни места. Има и други компании кои сакаат да дојдат. Овие компании ни рекоа дека имаат препораки од компании на кои им ги продаваат своите производи, подвлече Груевски.
Груевски во интервјуто истакна дека една германска компанија со која соработуваат, а која инвестираше во Македонија, им посочила на своите кинески партнери дека се задоволни од понудените услови и им препорача да го анализираат пазарот, и ако е можно нивната нова постројка во Европа да ја изградат во Македонија.
-Тие иницираа контакт со нас, ни рекоа дека имаме добри препораки од германските партнери, додадоа дека не знаеле многу за нас, но, го анализирале пазарот и сакаат да дојдат и да ја посетата нашата земја. Има многу такви компании. Кина е присутна во Македонија со некои инфраструктурни инвестиции, автопати, хидроцентрала, железницата, но се уште не е присутна со значителни производни капацитети, но работиме со нив и се во фаза на подготовка, додава Груевски.
По однос на бизнис релациите Македонија-Кина премиерот подвлече дека македонските компании се многу заинтересирани за пристап на кинескиот пазар.
-Претставници на наши компании и на стопанските комори дојдоа на овој настан. Некои се веќе присутни, извезуваат вино и други производи во Кина. Отвораме врата за извоз на храна, земјоделски производи, и верувам дека тоа ќе помогне за натамошна соработка, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст