По новото скандалозно однесување на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, да ја политизира полицијата по партиска директива со нејзино ангажирање во потрага по лица кои делат флаери со содржина против СДСМ, што е вон секој памет и пред се’ против законско, се наметнува прашањето владее ли башибозук во полицијата и што тоа Спасовски се обидува да сокрие?, пишува порталот „Нетпрес“
Проопозицискио порталот „Плусинфо“ објави текст во кој пишуваше дека МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ, со што јасно се посочува дека Спасовски издал наредба полицијата да работи согласно насоките од „Бихаќка“ и да испитува кој делел флаери со изјави од лидерот Зоран Заев во кои тој заговара воведување на албански јазик и во Струмица. Наспроти тоа, Спасовски кој очгледно е изгубен во просторот и времето, незнае дека делењето флаери не е кривично дело, туку напротив одраз на демократската состојба во една земја.
Откако некој Спасовски веројатно го вратил на колосек, МВР експресно изелзе со демант, но не за пишувањата на „Плусинфо“ кој тврди дека МВР трагала по групата која фрлала флаери против СДСМ, туку до медиумите кои го пренесоа текстот на овој портал. Со тоа Спасовски уште еднаш, само потрвди дека постапува спротивно од Законот.
Нетпрес повикувајќи се на извори од полицијата објави дека огромен бил револтот за ваквата постапка на Спасовски и голем дел од полицијата одбила да постапува. Спасовски, според нивните извори се соочувал со сериозен бунт доколку повторно се обиде по налог на Заев и Героски да издава незаконски наредби.
Инаку, од самиот старт кога Оливер Спасовски седна во министерската фотелја, предизвика хаос во МВР со одземање на пренесените овластувања на раководните лица во министерството, но го покажа и своето расипничко лице со тоа што уште првиот ден одбра лксузно „ауди“ за службено возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст