Утринава околу еден часот, во сообраќајна незгода загина Роберт Павлевски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово.
Во сообраќајната незгода која се случи на бул. Трета МУБ, повредени се уште две женски лица кои се пренесени на клиниките во Скопје, додека уште две женски лица се оставени на болничко лекување во Општа Болница Куманово.
Роберт Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Дом на култура повеќе години.
По повод смртта на Павлевски, во НУЦК ”Трајко Прокопиев” ќе се одржи комеморација во 12 часот, а погребот е закажан за 15 часот во градските гробишта во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст