| четврток, 6 декември 2018 |

Низ „европскиот коридор“ бегалците од воените региони транзитираат непречено

Во склоп со преземените техничко-тактички мерки на јужната државна граница за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, како и досега редовно се пропуштаат лицата кои доаѓаат од регионите зафатени со воени дејства (Ирак, Сирија, Авганистан).

Од Владата информираат дека на граничниот премин Табановце за изминатите 24 часа (24-00 ч, значи цел петок) со воз пристигнале и заминале вкупно 3.065.

За период од 00.00 до 08.00 сабајле (сабота), пристигнаа 1.022 лица и сите заминаа со воз.

Во ПТЦ Гевгелија моментално има 900 лица од кои најголем дел се подготвуваат за транспорт со воз, а останатите ќе се транспортираат со автобуси, а следниот воз е во 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top