Врз основа на предлог и известување на Групата за проценка на ризици, со која претседава директорката на ЦУК Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од националниот Совет за безбедност, и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.
Оваа одлука подразбира да се преземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канализирање на протокот на бегалците, што вклучува и подигнување на заштитна ограда на границата, велат од Владата, и потенцираат дека границата ќе остане отворена.
– Сакаме да потенцираме дека границата ке остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти како и досега што се пропустаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.
Според нашите информации на почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница.
АРМ веќе започна со изградба на оградата, чија единствена цел е насочување.
Македонија со ова помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици, истакнуваат од ВРМ.
Во Управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров кој е и претсдател, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, претставници од владата, кабинетот на ПРМ, АРМ и други институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст