| четврток, 6 декември 2018 |

Наследничката на сексапилната Синди Крафорд, Каја Гербер (фото)

sindi kraford
Каја Гербер (14) од својата позната мајка, Синди Крафорд, очигледно не го наследила само фантастичниот изглед туку и некои основни совети врзани со светот на манекенството, гардеробер полн со брендирана облека и своја лична козметичарка. Наследничката на топ-моделот ја краси насловната страница на магазинот за тинејџерки „Тин вог“.

„Мојата мајка ми ги средува веѓите, во спротивно, ако јас ја дофатам пинцетата, може да останам и без нив. Го обожувам изгледот на густи веѓи, кои не се совршено средени“, објаснува Каја.

Kraford-1-450x539
Нејзината мајка со неа споделува многу тајни и модни трикови, а ќерката се чини дека успева да го впие сето она што ѝ се укажува.

„Ја прашувам за да ми позајми нешто, а потоа тие нешта завршуваат трајно во мојот ормар. Мојата мајка често прашува зошто нејзините парчиња облека исчезнуваат“, открива Каја за „Teen Vogue”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top