| четврток, 6 декември 2018 |

Банана со цимет за мирен сон

Спиењето игра клучна улога за добра здравствена состојба и благосостојба во текот на целиот живот. Ако добивате доволно квалитетно спиење во вистинско време, тоа може да помогне во заштитата на вашето ментално здравје, физичко здравје, квалитетот на животот и безбедноста.

Ако имате какви било проблеми со спиењето, треба да се обидете со овој домашен банана-Цимет пијалак, еден час пред спиење!

Бананите може да бидат многу корисни во борбата против несоницата, бидејќи содржатаминокиселина наречена триптофан а која помага да се подигне нивото на серотонин, кој пак помага да се регулира апетитот и спиењето.

Неверојатниот зачин кој својите здравствени својства им ги должи на етеричните масла, како што се еугенол, односно фенилпропаноидс, класа на хемиско соединение кое му давапријатен, сладок ароматичен мирис.

Исто така, помага во циркулацијата и варењето на храната, бидејќи во голема мера и до нив зависи квалитетниот сон.

Потребни состојки:

     1 банана
1 литар вода
½ лажиче. цимет

Постапка:

Зовријте ја водата. Потоа, исечете ги краевите на бананата па ставете ги во водата што врие. Оставете да се вари 10 минути. Процедете ја течноста. Додадете малку цимет за вкус. Овој напиток треба да го пиете еден час пред спиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top