| четврток, 6 декември 2018 |

Дејселблум: Бегалската криза може да донесе мини­ Шенген зона

дејсел

Холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум упати предупредување до сите држави кои не ги обезбедуваат доволно границите на Европа и не прифаќаат на своја територија бегалци, дека може да се најдат вон границите на едно идно мини­Шенгенско пространство.

Во интервју за белгиските Тејд и Еко тој изјави дека Шенген зоната не може да фунцкионира ако само неколку држави прифаќаат бегалци. Дејселблум додаде дека за да се зачуваат социјалните држави во Западна Европа треба добро обезбедување на надворешните граници.

– Во спротивно, доаѓаат многу луѓе со барање за помош и го уништуваат системот. Тоа се случува во моментов и во Холандија- вели тој.

Дејселблум повика на поголемо заедничко финансирање за контрола на надворешните граници и повеќе помош за бегалските кампови во Турција и Либан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top