| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган сака да се сретне со Путин во Париз

Кремљ денеска соопшти дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Париз на 30 ноември.

– Предлогот на турската страна за состанокот на ниво на шефови на државите е упатен до претседателот, тоа е сè што можам да кажам – изјави потпаролот на Кремљ за медиумите.

Путин и Ердоган, како што е најавено, ќе присуствуваат на глобалниот самит за климатски промени во Париз, кој кој ќе почне на 30 ноември, наведуваат медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top