Репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски со тимот на Тулуз оствари извонреден резултат во 11.коло од француското првенство на гостувањето кај вицешампионот и учесник во Лигата на шампионите, Монпелје (32-34).
Тулуз успеа да врзе две победи по ред и тоа на жешкиот терен во Монпелје играјќи храбро во текот на сите 60 минути.
Тимот на популарниот „Џомба“ не потклекна пред налетите на домаќинот и заслужено славеше нов триумф во францускиот шампионат.
Георгиевски постигна три гола од пет обиди, а најзаслужен за победата беше Алваро Руиз Санчез со десет погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.