Истакнатиот хрватски славист, дописен член на Хрватската акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог, со меѓународно реноме и светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ, е добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година, која по десетти пат ја доделува Охридската академија на хуманизам.
По одлуката на седумчленото интернационално жири, чијшто претседател е ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, Гашпаровиќ истакна дека, по доделувањето на оваа награда на светската хуманистичка мисла, на личности како што се Даисаку Икеда, Маноел Де Oливеира, Александар Солженицин, Рави Шанкар, Питер Брук, Вида Огњеновиќ, нобеловката Херта Милер, Светлин Русев и Џон Ралстон Сол, неговото задоволство е уште поголемо бидејќи следната година Македонија, целокупниот словенски свет, како и сета меѓународна јавност, ќе ја одбележат илјада и сто годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основачот на првиот словенски универзитет и ученик на Св. Кирил и Методи, кои беа прогласени за заштитиници на Европа.
Наградата ќе му биде доделена за време на празнувањето на Водици 2016 година, во Куќата Уранија на МАНУ.
Во исто време на Долна Порта во Охрид ќе биде промовиран проектот “Охрид град на светскиот хуманизам” од Академик Светлин Русев од Бугарија, кој е и еден од досегашните добитници на ова високо светско признание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст