| четврток, 6 декември 2018 |

„Хуриет“: Руските воени авиони ги прекинале операциите во Сирија по границата со Турција

По инцидентот со соборениот руски авион „Су-24“ пред три дена во Сирија, руските воено-воздухопловни сили ги прекинале операциите во оваа земја по границата со Турција, информира весникот „Хуриет“.

ruski av

Турција, пак, привремено ги запре бомбардирањата на позициите на Исламска држава во Сирија во рамки на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Двете земји се решени да останат внимателни до смирување на ситуацијата и отворање на меѓусебните канали за дијалог, пишува турскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top